Новинар на „Дневник“ непожелна личност во Грција

Од:

Утрово на уредничката за надворешна политика на „Дневник“, Ивана Костовска и бил забранет влез во Грција, на граничниот премин Богородица, пишува весникот.

-Грчките службеници на преминот Евзони ме повикаа и прашаа кога последен пат сум влегла во Грција и дали сум имала некаков проблем. Им кажав дека пред еден месец бев во Лутраки, но дека немав никаков проблем. Тогаш ми рекоа дека нема да ме пуштат да ја поминам границата. Кога ги прашав зошто, ми одговорија дека не знаат и дека тоа ќе ми го кажат во грчкиот конзулат во Скопје. Потоа ми дадоа да потпишам документ во кој пишува дека во грчкиот национален регистар сум регистирирана како непожелна личност-изјави новинарската за „Дневник“.

Според грчките власти во документот кој што е напишан на грчки и српски јазик, Костовска се смета за опасност за јавниот ред и безбедност, за внатрешната безбедност, јавното здравје и меѓународните односи на една држава членка на ЕУ.

-Се прашувам дали за грчкото МНР е опасност за јавниот ред и безбедност што пишував дека во Лутраки живеат Македонци. Како би реагирало грчкото МНР кога грчки новинар не би бил пуштен да влезе во Македонија-истакна таа.

Како што пренесе „Дневник“ новинарката за случајот ќе ги информира меѓународните организации за правата на новинарите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on