Нови зелени површини во централното градско подрачје

Од:

Општина Центар им го уреди и разубави просторот со нови зелени површини на граѓаните кои живеат во атрактивното централно градско подрачје.

Во текот на изминатиот месец е извршено хортикултурно уредување на новоизградените бетонски жардиниери пред станбените блокови на ул. „Даме Груев“ кај Градски ѕид. Партерниот зелен појас е во должина од 400 метри и се протега од Полициската станица Беко до ул. „11 Октомври“ во близина на Собранието на Република Македонија, се вели во соопштението од Општина Центар.

Новопосадените садници се од типот Пироканта (Pyracantha „Orange Glow“) и Еониус (Euonimus). На целиот потег е спроведен и систем за автоматско полевање капка по капка.

Жардиниериите се обложени со травертин и се од најсовремен тип, при што е внимавано на естетскиот изглед на улицата. Исто така, со тоа се овозможува рационално да се одвои паркинг просторот од пешачката патека. На жардиниериите се монтирани нови клупи за седење и поставени се нови канти за отпад.

Изминатиот период патеката е поплочена со вештачки гранит на потегот од ул. „Македонија“ до ул. „Димитрие Чуповски“, а потегот од ул. „Македонија“ со ул.„11 Октомври“ со рапави терацо плочи (кулир).

На ул. „Даме Груев“, исто така, е поставено ново улично осветлување. Општина Центар ги поплочи пешачките острови со вештачки гранит на крстосницата кај Палома Бјанка, а во тој дел се предвидува и асфалтирање на тротоарот.

Работи за уредувањето ги изведуваа фирмите: „Тератрејд“, „Деми инженеринг„, „Елтра“, „Пелагонија Гостивар“ и „Флорастат“.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош