Нови вработувања во затворите и обезбедување 24 часа здравствена заштита за затворениците, бараат пратениците

Од:

Преместување во најбрз временски период на малолетните осудени лица од затворот во Охрид во Воспитно – поправниот дом Тетово, забрзување на изградбата на притворското одделение во рамките на КПУ Идризово, подобрување на третманот за ресоцијализација, обезбедување на 24 часовна здравствена услуга за осудените и притворените лица, се дел од предлог-заклучоците од јавната расправа на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граќанинот во врска со состојбата во казнено поправните установи во државава.

Претседателот на собраниската комисијата, Фадил Зендели рече дека во заклучоците е истакната потребата за зголемување на финансиите на казнено – поправните установи за да се овозможи соодветно управување и подобрување на условите во затворите за осудените лица, како и да се зголеми можноста на осудените лица за контакт и комуникација со семејството.

-Потребно е да им се овозможи на осудените лица работен ангажман и други активности преку општествено корисна работа во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Да се испитаат и санкционираат наодите за присутна корупција во затворите, како и испитување на понижувачко постапување кон затворениците, истакна Зендели.

Во заклучокот е наведено дека Комисијата и понатаму ќе ја следи состојбата на затворите и дека преку редовни контакти и состаноци ќе се информира за преземеното и спроведеното од предложените заклучоци.

Членовите на Комисијата немаа забелешки на заклучоците, освен неколку дополнување.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојловски рече дека во заклучокот за преместување на малолетните осудени лица во Воспитно – поправниот дом Тетово да се додаде дека е потребно тоа да се направи во најбрз можен временски период бидејќи, како што рече, објектот веќе неколку години е подготвен за да ги прими осудениците. Тој побара во секоја казнено – поправна установа да има директна здравствена заштита, а не преку здравствените домови.

Неговата сопартијка Слаѓана Митовска предложи дополнување на заклучокот во однос на вработувањето на педагози и психолози каде, според неа, треба да се дополни со вработување на дипломиран социјален работник. Таа побара и дополнување на една од точките за изготвување на програмите за отпус и реинтеграција со додавање на создавање на услови за ресоцијализација.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители