Нови велосипедски патеки на булеварот „Св. Климент Охридски“

Од:

Во рамки на реализацијата на проектот за нова велосипедска инфраструктура „Скопје Велоград 2017“, Град Скопје информира дека изминатиов период работи на велосипедските патеки по должината на бул. „Свети Климент Охридски“ во централното градско подрачје.

Увид во работите денеска извршија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева и директорот на ЈП „Улици и патишта“ Синиша Ивановски.

– Првпат во Скопје и во Република Македонија, дел од велосипедската патека ќе биде на самиот коловоз, поточно се одзема дел од просторот за автомобили и ќе биде наменет за велосипеди. Ова се реализира на дел од булеварот „Свети Климент Охридски“, на потегот од крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до крстосницата со булеварот „Илинден“ кај објектот на Владата, рече Трајановски.

На овој простор, како што рече, последната коловозна лента ќе биде наменета за велосипедистите, каде е обележана со посебна лента, а на лентата за подобра видливост се поставени катадиоптри.

Тој истакна дека несовесни возачи константно ја узурпираат велосипедската лента и тротоарите, оставајќи и паркирајќи ги нивните возила. Апелираше возачите да не паркираат на велосипедските патеки и да не застануваат на потегот каде велосипедските патеки ќе бидат на самиот коловоз.

– Апелираме до Министерството за внатрешни работи да биде поактивно на терен и да работи на ослободување на велосипедските патеки и да овозможи нивно непречено функционирање. Поради оваа зачестена појава, се одлучивме за дополнително физичко оградување на велосипедската сообраќајна лента од лентите за моторните возила, со специјални заштитни гумени столпчиња, со кои сметаме дека ќе се зголеми безбедноста за велосипедистите, истакна градоначалникот Трајановски.

Специјалните гумени заштитни столпчиња се со висина од 30 сантиметри, еластични се, имаат портокалова боја со бела рефлектирачка фолија за подобра видливост и при удар се враќаат наназад, поточно не ги оштетуваат возилата.

Преостанатиот дел од велосипедската патека е по должината на булеварот „Свети Климент Охридски“, од крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до крстосницата со улицата „Свети Кирил и Методиј“ кај зградата на Нова Македонија и седиштето на ЕУ од другата страна.

Работите на терен ги изведуваат екипите на Урбан Дизајн ДОЕЛ за што град Скопје ќе издвои 2,7 милиони денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето