Нови вело-ленти и сообраќајни решенија во Аеродром

Од:

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин оствари средба со претставници од неформалното здружение НаТочак. На средбата е договорена континуирана соработка, во насока на изнаоѓање велосипедски инфраструктурни решенија со поставување вело-ленти и вело-патеки на улиците што се во надлежност на Општината. Исто така, нови сообраќајни решенија за намалување на брзината на движење на автомобилите, како и одредување локации каде има потреба од поставување паркинг за велосипеди низ целата територија на општината.

Ќе се организираат и кампањи за поттикнување на граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство, во чии рамки ќе се потенцираат придобивките од возење велосипед.

На средбата беше договорено и вклучување на градоначалникот и на вработените во акцијата за одбележување на интернационалниот ден Winter Bike to Work Day, на 9 февруари.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи