Нови тензии за инцидентот „македонско знаме“, Софија обвинува за „провокации и навреди“

Од:

Кабинетот на бугарсиот претседател Румен Радев и Министерството за надворешни работи во Софија реагираа на, како се наведува, навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од на функционери од Република Северна Македонија.

– Манипулацијата со фактите и хистеричните реакции на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) не влеваат оптимизам дека нашиот југозападен сосед сака во односите со Бугарија да го напуштат полето на провокации и оркестрирани скандали. Отворениот и конструктивен дијалог, дури и на неформална средба, каква што се одржа меѓу претседателите на Бугарија и Република Северна Македонија на 13 септември, очигледно во голема мера вознемири одредени кругови во владата на Северна Македонија. За „цивилизираноста“ на новата влада на РСМ допрва ќе се оценува според тоа дали таа ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување омраза кон Бугарија или ќе им се спротивстави, како и од способноста да ги почитува меѓународните договори и нејзината вистинска посветеност на имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство во Европската унија (ЕУ). Приклучувањето кон обединета Европа бара вистинска волја, систематски напори и конкретни резултати, се наведува во соопштението од прес-службата на претседателот Румен Радев.

Од бугарското МНР, пак, во реакцијата обвинуваат за неиспровоцирани неевропски реакции од Скопје во кои, како што велат, Софија не сака да учествува.

– Во врска со последователните навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од страна на функционери од Република Северна Македонија, категорично одбиваме да се вклучиме во таков неевропски и неспоив со добро воспитен тон. Нашите партнери се известени за неиспровоцираните провокации, кои имаат за цел да го нарушат дијалогот. Уште еднаш потсетуваме на клучното значење на развојот на добрососедските односи за европската иднина на Република Северна Македонија, стои во реакцијата на бугарското МНР.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Радев: Бугарија ја споделува болката со македонските граѓани

А1он

Сиљановска-Давкова: Не отстапуваме ниту од стратешката цел за членство во ЕУ, ниту од стратешкото партнерство со САД

Горан Наумовски

Сиљановска Давкова на Баку форумот: Да понудиме перспективи за врвниот заеднички интерес за траен мир

Сиљановска-Давкова: Не постои лош мир, како што не постои ниту добра војна

Химната на државата не треба да се менува, смета Сиљановска Давкова