Нови спортски стипендии

Од:

Владата на Република Македонија на последната седница го усвои планот на младите лица до 20-годишна возраст да им се доделат 1.200 спортски стипендии за 2012-2013 година.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев изјави дека Владата за оваа намена од Буџетот ќе обезбеди финансиски средства во висина од 35 милиони денари.

„Овие средства ќе значат нова стимулација за младите луѓе да учат и спортуваат, да се надградуваа и да обезбедат повисок степен на знаење и вештини кои ќе им овозможат идни опции во животот“, изјави Ѓорѓиев.

Од вкупниот број на стипендии 720 се за средношколците, а останатите за лицата со посебни потреби. Право на аплицирање ќе го имаат само редовните средношколци.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски