Нови владини реклами за одбележување на 8 септември

Од:

За осмислување и изработка на идејно решение за одбележување на 23 годишнината на државниот празник 8 септември, владата распиша конкурс во висина од 1 милион и 230 илјади денари или околу 20 илјади евра.

Во огласот не е прецизирано што точно треба да содржи тоа идејно решение, но во Бирото за јавни набавки, овој конкурс е ставен во категоријата рекламни услуги.

Како главен критериум за доделување на договорот е наведено дека е тоа економски најповолната понуда, но понатаму се вели дека квалитетот на решението ќе носи 65 бодови, за разлика од цената која, на понудувачите им носи 35 бодови, конкурсот трае до 6 август.

Во 2011 година, за прославата на 8 септември, официјално владата потрошила 90 илјади евра, иако опозицијата изнесе податоци дека се работело за неколку милиони евра, покрај другите содржини, прославата вклучуваше и три авиони што ја надлетуваа државата.

Во 2012 година само за осветлување, озвучување на сцената на плоштад и за пропаганден материјал, за прославата на 8 септември, владата потрошила 58 илјади евра. Нема податоци колку чинела целата прослава.

А.Б.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоска е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски