Нови пукотници и детонации во Куманово, расте бројот бројот на повредените

Од:

Полициската акција која утрово започна во Куманово, за како што велат од МВР, ликвидација на вооружена група, се уште е во тек. Според новинарксите екипи кои се на терен, од населбата „Диво насеље“, како што се одвива полициската операција, се уште се слушаат истрели и детонации.

Според последните информации, за кои нема потврда, повредени се најмалку 15 полицајци, од кои тројца наводно се во критична состојба. Некои медиуми пренесуваат дека има и жртви.

Силни полициски единици се присутни на улиците во градот, кој постојано го надлетуваат хеликоптери.

Жителите од оваа населба за „Порталб“ велат дека акцијата уште трае. Анеса Алити, која живее во овој крај, вели дека од нејзиниот двор слушнале како специјалците велат “жолтата куќа е чиста”, што имплицира дека се вршеле рации по куќите.

– Не може да се разбере она што се случува надвор од прозорецот, слушнав пукања. Слушнавме хеликоптери и сирени од брза помош неколку пати. Видовме и чад на небото. Жителите од околните куќи ги слушнале зборовите: “… жолтата куќа е чиста …”, што значи дека има рации во домовите.

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц, изјавил дека ситуацијата во градот е драматична и ги повикал граѓаните да останат мирни и присебни и да не подлегнуваат на провокации. Граѓаните да останат мирни, да сочуваат присебност, да не се вклучат во никакви групи заради етнички поделби, зошто сите контакти со политичките партии и граѓанските организации, особено албанските, велат дека никој не дава поддршка и кризата треба да се заврши со елиминација на оваа група и враќање на мир и спокојство на граѓаните во Куманово – апелирал кумановскиот градоначалник.

Станувало збор за вооружена груа од околу 50 до 70 лица, кои навдно се сместени во приватна куќа

Помошник-министерот за внатрешни работи Иво Котевски и министерот за здравство, Никола Тодоров ги посетија повредените полицајци, кои се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.

Се забележува зголемено присуство на полициски службеници.

На новинарите не им е дозволен пристапот до Клиниките.

Директорот на Клинички вели дека нема да дава изјави за медиуми, дека тоа ќе го направи или министерот за здравство Никола Тодоров или министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра