Нови листопадни дрвја во Реонски центар Аеродром

Од:

Екипи на Град Скопје како дел од пролетната акција за зазеленување на градот засадија 45 листопадни дрвја во Реонски центар Аеродром, на булеварот „Видое Смилевски- Бато“.

– Градот Скопје деновиве го реконструираше јавното зеленило на булеварот „Видео Смилевски-Бато“, на површина од 2.410 метри квадратни. На оваа површина е поставена нова хидрантска мрежа во должина од 230 метри и нов систем за наводнување со хидранти. Денеска засадивме нови 45 листопадни дрвја, односно 30 садници од видот јасен и 15 садници од видовите јапонска цреша, украсно јаболко и сорбус. Ова е дел од големата акција за зазеленување на Скопје, во која само овој месец ќе бидат засадени околу 2.000 високо квалитетни листопадни садници, изјави скопскиот градоначалникот Петре Шилегов.

Тој додаде дека во есенската акција за зазеленување на градот се планира да се засадат вкупно 8.000 висококвалитетни садници.

На акцијата за засадување дрвја на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ присуствуваа и градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Адријан Муча.

Би можело да ве интересира

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ