Нови лаборатории на Клиниката за ревматологија

Од:

На Клиниката за ревматологија денеска официјално беа ставени во функција две нови лаборатории во рамки на проектот на Владата и Министерството за образование и наука за набавка и опремување лаборатории за јавните високообразовни во Македонија.

Со нив на најсовремен начин ќе се дијагностицира остеопороза и други болести. Има апарат за мерење густина на коскена срж (остеодензитометрија), апарат за испитување автоимуни заболувања и ехо-апарат кој досега клиниката го немала, а ќе служи за прецизно и навремено дијагностицирање на болести, но и за превенција.

Министерот за здравство Никола Тодоров, кој на Клиниката беше заедно со премиерот Никола Груевски и со министерот за образование и наука Панче Кралев, изјави дека е многу задоволен од користењето на апаратите.

– На пример, на остеодензитометарот досега има над 700 прегледи и тоа е одлична бројка. Прегледот трае малку подолго, од еден до час и половина, и не може да се прегледуваат повеќе од шест до десет пациенти на ден, но имаме одлична динамика на искористенот на апаратот, рече Тодоров.

Министерот додаде дека вредноста на лабораториите е 12 милиони денари и дека покрај за истражувачка работа на професорите и асистентите од Медицинскиот факултет во Скопје, ќе бидат корисни за пациентите и во функција на здравствениот систем.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска