Нови кражби на регистарски ознаки од возила на македонски туристи во Грција

Од:

На граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ во текот на вчерашниот ден пријавени се пет кражби на регистарски ознаки од возила на македонски туристи.
На преминот „Богородица“, пријавено е дека на патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Е. во туристичкото место Олимпик Бич и се украдени двете регистарски ознаки, соопшти денеска МВР.

На истиот граничен премин пријавено е дека на патничко моторно возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од страна на лицето К.Т., во туристичкото место Паралија украдени му се исто така двете регистарски ознаки.
На ГП „Меџитлија“, кражба на регистарски ознаки пријавиле Л.Р.А. од Битола, кој управувал патничко моторно возило марка „пасат“ со скопски регистарски ознаки, а летувал во местото Паралија, М.Ј. од Ресен, кој управувал патничко моторно возило марка „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, а летувал во Олимпик Бич и В.Д. од Охрид која управувала патничко моторно возило опел астра со охридски регистарски ознаки, а летувала исто така во Олимпик Бич.
Сите пет случаи се пријавени во грчката полиција.

Од МВР потсетуваат дека на ГП „Меџитлија“ на 27.07.2014 година пријавено е оштетување од страна на лицето И.К. која управувала патничко моторно возило марка „БМВ“ со битолски регистарски ознаки. На двете регистарски таблички им бил оштетен кодот „МК“ (прекриен со црн спреј), а на возилото имало и оштетувања со црн спреј на предниот дел на хаубата и на задниот дел поточно на вратата од багажникот со натпис „СЛАВ“.

Настанот се случил во туристичкото место Лептокарија, а е известена и грчката полиција, но не е добиен записник.

Инаку, годинава во два наврати беа регистирани оштетувања на возила и кражби на регистарски таблички на македонски граѓани, така што досега бројот на оштетени возила и регистарски ознаки достигна до три, а украдени се регистарски таблички вкупно од седум возила на македонски туристи.

Би можело да ве интересира

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Српски туристи казнети со 150 евра во Грција – двете деца врзани со појас, третото не

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

Во Грција запленети над 2 тона небезбедни млечни производи од Бугарија – превезувани без ладилник

А1он

Во сообраќајка загина 15 годишно девојче во Грција – камион за ѓубре удри во моторот на кој се возеше

А1он

Малолетник од Англија загина во Грција – падна од хотелски балкон

А1он