Нови корпи за отпадоци на улиците во Кичево

Од:

За да се подобри хигиената во Кичево, на клучните сообраќајници, од страна на локалната самоуправа, односно од ЈП “Комуналец” се поставени нови корпи за отпадоци.

– По којзнае кој пат, а се со цел да се подобри јавната хгиена во градот, поставивме нови корпи за отпадоци на најфреквентните улици во Кичево. Новите корпи се поставени овој пат на електричните столбови, добро се видливи за минувачите и сметаме дека тоа ќе ги мотивира да почнат да се однесуваат европски и ситниот отпад да го одлагаат во овие корпи. Од претходното искуство ни е познато дека нашите сограѓани тешко ги менуваат навиките, но очекуваме и тоа еднаш да се промени, рече Зенел Јонузи директор на ЈП “Комуналец” од Кичево.

Тој додаде дека досега во повеќе наврати се поставувани нови корпи, дел од нив без никаква причина се искршени, а дел ги нема на местата каде што биле поставени.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух