Нови инфраструктурни проект на повеќе локации во Аеродром, Лисиче и Островска добиваат нов плоштад и модерен спортски центар

Од:

Лисиче и „Островска“ добиваат нов плоштад и современ спортски центар, проект кој целосно се реализира со средства на Општина Аеродром. Градоначалникот Тимчо Муцунски и Претседателот на Советот Дејан Митески утрово беа посета во посета на Лисиче каде уште еднаш заеднички потврдија дека активностите за изградба на новиот модерен и повеќенаменски спортски центар на „Островска“ се реализираат согласно предвидената динамика.

„Се радувам за овој нов проект затоа што граѓаните на Лисиче го заслужуваат тоа и истиот е наше ветување дадено пред нив. Оваа инвестиција е потврда дека инфраструктурна офанзива се одвива со силна динамика и паралелно на повеќе локации во Аеродром, таа креира нови содржини кои сериозно го менуваат ликот на општината“, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава.

Уредувањето на овој дел предвидуваат изградба на плоштад, поставување нова подлога, нови спортски реквизити, модерно осветлување и комплетно уредување на околниот простор. Станува збор за проект кој по завршување ќе донесе нова локација на кој ќе спортуваат, ќе го поминуваат своето време и ќе се гордеат жителите на Лисиче.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он