Нови детали за несреќата во Кисела Вода: Медицинска екипа побара асистенција за затрупани работници

Од:

Центар за управување со кризи (ЦУК) објави детали за тешката несреќа што утринава се случи на градилиште на улицата „Козјак“, каде тројца градежни работници беа затрупани при ископ на темели.

Според ЦУК, првиот повик е примен во 8.14 часот, кога е пријавено дека работници се затрупани со земја и е побарана итна медицинска помош. Само четири минути подоцна, во 8.18 часот, следел втор повик од доктор Драган Панов од Итната медицинска помош, со барање за асистенција од противпожарните екипи за извлекување на затрупаните лица.

Веднаш се алармирани сите надлежни служби – Бригадата за противпожарна заштита Скопје, полицијата, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи.

Претходно, Министерство за внатрешни работи информираше дека настанот бил пријавен во 8.17 часот, по што започнала координирана спасувачка акција. Двајца од работниците се извлечени и пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека третиот сè уште се наоѓа под урнатата земја.

Акцијата за спасување продолжува, а институциите работат на расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Скопје: Работници затрупани при ископ во Кисела Вода, спасувачка акција во тек

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски

Забрана за автобуси и камиони од Тетово кон Шапка, на патот Кичево -Гостивар наизменичен сообраќај

Катерина Ѓуровски

Отежнат сообраќај поради магла кај Тетово и одрон кон Струмица