Нови аудиобомби: Мицкоски имал средба со Кичеец, договарале интензивна соработка за изборите во Западна Македонија

Од:

На четири објавени тонски снимки со времетраење од 4, 17, 2 и 1 минута се слушаат разговори од состанок меѓу Мицкоски, Кичеец и женска личност.  Од разговорите може да се заклучи дека се снимени непосредно пред првиот круг на претседателските избори, во април 2019 година. Мицкоски му раскажува на Кичеец за неговите теренски активности во Охрид по што договараат стратегии за соработка за време на изборите, но и за по тоа. Во разговорите се слуша како Кичеец му објаснува на Мицкоски дека изборните резултати се тие, дека некои луѓе не можат да се одвратат.

„Во Охрид има многу добра енергија, над 50 куќи посетив и сега јас намерно одев со овие од општинскиов и кога ќе ме видат луѓе одма се симнуваат“, вели Мицкоски, а Зоран Милески-Кичеец му возвраќа „Многу е подобро кога ќе се појавите вие, него да одат они“. Мицкоски продолжува со „Отидов во штабот на СДСМ, влегов внатре, на улицата беше одма тука.. Се збунија, викаат ‘А чим вие сте тука сигурно не е добра ситуацијата’, а ја им викам ‘Или јас ќе се изненадам, ама би рекол дека вие ќе се изненадите со непријател резултат за вас, во недела. Малце треба ги фати“, по што, женскиот глас одговара „Нормално“, а Кичеец се смее. Мицкоски продолжува „Они од Стево ми дадоа“, женскиот глас прашува „Што делат они?“, а Мицкоски продолжува „Програма, флаерче и она за на врата, што се става на квака, во кесичка. Ние побогати сме“, се слуша во првиот објавен разговор на „Јутуб“.

Од разговорот се разбира дека Мицкоски и Кичеец имале и претходна соработка, бидејќи Кичеец му објаснува на Мицкоски „Кога разговаравме последниот пат ви кажав, почнав малку да се распрашувам…во Охрид сигурно ќе имате втор круг“. Кичеец во еден момент го опишува својот начин на работа и му кажува на Мицкоски дека сè што му било побарано завршил и дека тој се смета себеси за добар извршител кој не зборува многу наоколу.

Мицкоски го прашува Кическиот „За Охрид како ти стои објективно?“, а тој одговара „Ние последниот пат кога разговаравме, кога ви кажав, јас сум многу … Не сум заангажиран и малку почнав да се распрашувам.. околу ситуацијата. Во Охрид ќе имате сигурно 100“, потоа, Мицкоски вели: „Да, ќе има втор круг“, па продолжува Кичеец: Да ќе имате втор круг“. По ова, Мицкоски му вели: „Би било изненадување да се реши во прв круг работава, ама втор круг.., а потоа Кичеец вели: „Јас точно го гледам, нема шанси. Ви кажувам искрено, едни јави се, други, Зоки што мислиш, што правиш, ваму таму. Не сум бил консултиран и малце нервоза ми ствараат овие од ВМРО што се нашиве, без потреба, ќе ме стават во уста, ќе ме зборат. Тие што седат доле, потоа мене ми се јавуваат. Мене тоа ми прави, не нервоза, туку иритира. Знам што сум направил сум ги научил да работат.

„Едните викаат еве го Зоки, со СДСМ, другите викаат ВМРО е. Ние да се лажеме, не можеме. Но, вие знаете јас го контролирав многу Египјаниве, ѓупскиов народ. Бено. Реално ги контролира таму скоро сите Египјани. Тој е сериозен многу. Но, ви кажав и тогаш, но тогаш малце ви кажав дека треба да се разговара.. Ме фатија други работи и не го доразговаравме ова. Меѓутоа, знаете, вие што сте ми рекле, јас сум застанал до кај што се…“ на што се надоврзува Мицкоски со: „Можело“, а женскиот глас вели „и до кај што се побарало“, па продолжува Кичеец: „И тоа што се побарало, јас се сум направил. Е сега на пример, некој ми рекол, ‘Еј слушај Зоки ќе ти се јават’, како тогаш што рекоа тие и тогаш, никој не се јави, јас не можам да ги вадам, така? Чекам да ми се јават. Никој пат, никој, не се јави за ништо. Бено, значи е, не сакам јас да му се јавувам, затоа што што и да сум направил ќе бидам сватен погрешно“, па повторно се надоврзува Мицкоски: „Погрешно“. Кичеец објаснува и натаму: „Затоа што јас прошлиот пат сум рекол, ти Бено, ќе правиш како што мислиш. Да не дозволиш притисок да се прави. Ако некој ти прави притисок, ќе ми се јавиш, нема што. Терај си. Затоа што, многу го изигра Мартин“, а Мицкоски прашува: „Кој Мартин?“, Кичеец одговара „Протуѓер“. Мицкоски му вели на Кичеец: „Од тие избори, многу последици влечеме“, женскиот глас е надоврзува: „И многу долгови“, а Кичеец одговара: „Луѓето ги направија маскара, мене ме коштаат, ако ви кажам колку пари, нема да ми верувате. Јас сум завршувал на луѓето работи кои Мартин им ги ветувал, никој претседателе не се јави. Сум одел сум запослувал луѓе, Бакрач, минимално, нула и тој многу можел. И тој што му одговараше си праеше, а за луѓето кои сработеле и реално ја донеле победата, не мрднаа со мал прст, дури кривични пријави.. А сите тие работи, јас сум им ги вршел лично. Така мене ми го начука Мартин и Саше, но Саше тука не ни е ни битен, затоа што кажуваше оди, а Мартин лично им ветуваше на луѓето работни места. Тие се мали работи, ама тие се претседателе ѓупци, како да ви кажам, тоа е Еѓипјанец, тоа е човек, тој не е пример да го вратиш за директор. Метлар, правиме муабет за такви работи. Луѓе се. Ни завршиле работа, не може после да не ги познавам“.

„После ова, за …. да му вратат за ова, Ви кажав тогаш што се деси, си застанаа со Јован, ама Јован покоен многу им помогнал, да знаете. Сега мислам дека тие се во контакт со Пецак, со…“, вели Кичеец, по што, се надоврзува Мицкоски и вели „Саше?“, па продолжува Кичеец: „Саше. Мислам дека си имаат они некоја добра соработка“, а Мицкоски повторно се надоврзува и вели: „Не ми кажале“, па продолжува Кичеец: „Имаат соработка“. Кичеец продолжува со „Тоа ви е едната група, посериозно, да не кажам и одлучувачка на некој начин, а другата група ви е албанскиот блок кој што вие го работите многу добро. Освен, ако ве изненади некоја висока политика таму, нешто да изненадат они. Албанците, Нефи овие си работат на другата страна, бидејќи имаат многу добра соработка со централната власт. Едниот советник е за нив и другиот е од Беса и тој им се контра цело време и еден советник има Бено. Мое мислење, треба да се види…. Во втор круг ќе се одлучува, Охрид ќе ви биди тежок, да знаете“.

Според аудиоснимките, Мицкоски во еден момент бара директна комуникација и соработка со Милески, а не „преку Петко, Станко”. Се договара со Милески да ги анализира состојбите во Охрид за првиот круг, по што би договориле и конкретна соработка за вториот круг на изборите.

„Сите тие што ме потценија по 21 април, нема да… така“, посочува Мицкоски, а Кичеец му вели „Јас сум извршител, јас не зборувам, мене не ме интересираат муабети“.

Кичеец во разговорот открива и можна средба на Мицкоски со Орце Камчев, прераскажувајќи му на Мицкоски разговор со трето лице. Мицкоски договара со Милески и поинтензивна соработка на терен во западна Македонија за периодот по изборите, порачувајќи му „јас и ти директно – надвор од комитети”.

Мицкоски на сите прозивки во јавноста категорично негираше дека имал средби со Кичеец. Тој во интервју велеше дека  сам ќе се пријави во истражниот затвор во Шутка доколку постојат докази за негови инкриминирачки активности.

„Доколку постои каков било инкриминирачки материјал, не мора да поставуваат прашања, не мора да се плашат од законот и дека ќе ги тужам, веднаш нека објават моја евентуална инкриминирачка активност и не треба воопшто да се мислат, јас следниот ден ќе се појавам во истражниот затвор во Шуто Оризари во Скопје. Но, доколку не постои, ќе треба да се повлечат од овие изјави и да се извинат јавно. Бидејќи, навистина, вака е малку кукавички, да поставувате прашања, па да мислите дека ако поставувате прашања, ја кажувате тезата во јавноста, можете да го извалкате  лидерот на опозицијата во една квази политичка пресметка, а притоа, законот ќе ве штити бидејќи употребувате прашална форма. Доколку навистина постои таков инкриминирачки материјал, каде има мито, корупција и така натаму, веднаш нека го објават и нека го пријават во рамките на Обвинителството, јас истиот ден сам, доброволно ќе се пријавам. Апсолутно не сум се видел со Кичевец“, вели Мицкоски во интервјуто дадено во октомври 2019 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Горан Наумовски