Нови амбасадори на Македонија во Чешка, Естонија и Романија

Од:

Нови, главно квалитетни и професионални решенија за амбасадори, се согласија позицијата и опозицијата по денешните експозеа на новите амбасадори на Македонија во Чешка Паскал Стојчевски и Сашо Вељановски во Естонија, кои доаѓаат од МНР, и на професорот Панде Лазаревски кој ќе биде македонски претставаник во Романија и Молдова.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев изрази увереност во професионалноста на тројцата дипломати кои треба да работат во сферата на јакнење на билатералната соработка, особено во сферата на економијата и на поддршката во евроинтеграциите.

– Има сериозна можност со нашата проактивност особено во Чешка и Естонија да донесеме инвестиции, помалку од Романија… Сиве овие земји можат да покажат разбирање за блокадите кои ги доживува Македонија, рече Ѓорчев.

Игор Ивановски од СДСМ оцени дека по катастрофалните неквалификувани партиски решенија, со изборот на Стојчевски и Вељановски имаме делумна корекција во изборот на амбасадорите, оценувајќи ги како квалитетни решенија.

Тој додаде, дека нивната партија не се согласува со изборот на Панде Лазаревски, кој го оценува како „партиски војник“.

– Немавме принципиелно забелешки за претходните двајца кандидати кои доаѓаат од професионалната структура на МНР, вие настрана вашата академска титула, која не ја спориме, вашата политичка активност се сведува на „партиски војник“ на ВМРО-ДПМНЕ…Тоа не ве прави објективен амбасадор туку укажува дека функцијата сте ја добиле како награда од државата, рече Иванов.

Претседателот на Комисијата Антонио Милошоски истакна дека СДСМ и претходно реагирала слично не дозволувајќи ниту квалитетни членови на таа партија да работат во корист на Македонија ако се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. – Се сеќавам кога еден истакнат член и добар дипломат на СДСМ беше предложен за амбасадор во НАТО, следниот ден беше исклучен од неговата политичка партија затоа што ја прифатил таа кандидатура, рече Милошоски.

Во своите екпозеа новите амбасадори во Чешка Паскал Стојчевски на местото на Игор Илиевски, и Сашо Вељановски во Естонија кои доаѓаат од МНР, беа фокусирани врз помошта која Чешка и Естонија ни ја даваат во евроинтеграциите, преку заложбите на еврокомесарот Филе и евроамбасадорот Аиво Орав.

Лазаревски пак укажа на помошта која Романија и ја дава на Македонија без оглед на тврдењата дека е во спрега со Атина и Софија, како и на одличните права на македонското малцинство во таа земја.

Би можело да ве интересира

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време