Нови 33 дојави за бомби во училишта во Скопје

Од:

На електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“ извести МВР.

Дојави за поставени бомба денеска стигнало и до раководството на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Аеродром, „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче и гимназијата „Јоспи Броз Тито“ во Центар.

Од страна на вработените во училиштата учениците се безбедно евакуирани, а алармирани се и нивните родители.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Дојавите се лажни, учениците се вратени на настава

Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави за бомби во училиштата, соопшти МВР

Катерина Ѓуровски

Дојави за бомби во училишта во Скопја и во Штип и во Кочани, децата се евакуирани

Катерина Ѓуровски

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид