Нови 30 дена притвор за Боки 13 и Зоки Кичеец за „Рекет“

Од:

Бојан Јовановски и Зоран Милески осомничени во случајот „Рекет“, ќе останат во притвор уште 30 дена, соопшти Кривичниот суд во Скопје.

– Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, денеска ( 13.09.2019 ) постапувајќи по предлог на надлежниот Јавен обвинител за продолжување на мерката притвор против Б.Ј. и З.М. донесе решенија со кои предлогот на обвинителството се уважува и мерката притвор се продолжува за нови 30 дена поради постоење на причините од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП, информираат од Судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

На Јовановски и Милевски првпат им беше одреден притвор на 15 јули годинава.

Како третоосомничена за „Рекет“, во притвор е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов