Денеска до 9.30 часот во полиција е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од полицијата.