Нова велосипетска и пешачка патека од Битпазар до Мавровка

Од:

Град Скопје денеска официјално ја започна реконструкцијата на велосипедската и пешачката патека на булеварот „Крсте Мисирков“ од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до влезот на чаршијата во должина од 440 метри.

На почетокот со градежните работи на тротоарот присуствуваа градоначалниците на Скопје и Чаир, Коце Трајановски и Изет Меџити, како и претставници од ЈП „Улици и патишта“.

– Имајќи предвид дека овој дел беше многу руиниран, со овој зафат практично ќе добиеме средена велосипедска и пешачка патека. Покрај ивичниците планираме да поставиме и столбчиња со што ќе се оневозможи паркирање на возила, а во текот на есенскиот период ќе биде обновен и дрворедот на патеката, истакна Трајановски.

Градоначслникот на Скопје информира дека  во подготовка е и оградата која ќе биде поставена на булеварот „Крсте Мисирков“ од пешачкиот со семафор до пешачкиот премин кај мостот кон Чаир со што ќе се оневозможи непрописно претрчување преку булеварот.

Градоначалникот на Чаир Меџити нагласи дека со овој проект на Градот Скопје како и со идните заеднички проекти покрај уредувањето на патеката ќе се овозможи лојална конкуренција на тезгите кои плаќаат со што ќе се овозможат добри услови како за трговците, така и за граѓаните кои пазарат на Битпазар и на „Пластичарската улица“

Реконструкцијата на пешачката и велосипетска патека која изнесува 2.750 квадратни метри ќе ја изведува ЈП „Улици и Патишта“, а за овој проект Градот ќе издвои 2.4 милиони денари.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски