Нова униформа за комуналците од Гази Баба

Од:

Вработените во Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ денеска добија нови работни униформи. Новата опрема на комуналците од Гази Баба им ја доделија градоначалникот на општината, Борис Георгиевски и директорот на ЈКП, Влатко Митовски.

– Новите работни униформи за сезонските работници во ЈКП Гази Баба пред се обезбедуваат заштита на работниците при работа, а вработените ќе бидат полесно препознатливи за граѓаните, нагласуваат од Гази Баба.

Од општината информираат дека бројот на сезонски работници е зголемен, набавена е опрема за одржување на хигиената и јавното зеленило. Набавен е и багер со кој ЈКП Гази Баба ќе може да ги одржува редовно каналите во општината. Дополнително набавени ќе бидат и два камиона, од кои кипер и еден камион со корпа.

Од Јавното претпријатие веќе започнаа со обнова и поставување на нова урбана опрема на целата територија од општината.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица