Нова тура закони по скратена постапка

Од:

Законодавно-правната и комисиите за економски прашања, за образование, наука и спорт и за финансирање и буџет денеска ќе заседаваат во Собранието на Република Македонија.

Пред Комисијата за економски прашања се измените и дополнувањата на законите за трговски друштва, за возила и за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, сите по скратена постапка.

Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправа по предлог дополнувањата на Законот за основање Државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, како и по измените на Законот за основање Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле”, двата по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се измените на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за изградба на автопатот на Коридорот 10, на делницата Демир Капија – Смоквица и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини долж Коридорот 10, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, двата по скратена постапка.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледаат дополнувањата на Законот за основање Државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, измените на Законот за основање Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле”, како и измените и дополнувањата на законите за возила, за трговски друштва, за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, сите по скратена постапка. На дневен ред се и измените на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за изградба на автопатот на Коридорот 10 на делницата Демир Капија – Смоквица и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини долж Коридорот 10.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба