Нова трагедија на пругата: Кај Илинден возот удри во мигрант

Од:

По завчерашната трагедија кога меѓународниот воз Солун – Скопје – Белград кај Велес удри во група мигранти при што загинаа 14 лица, синоќа околу 23.30 часот возот на истата релација удри во мигрант на влезот од железничката станица Илинден.

Според СВР Скопје возот удрил во 62-годишно лице од Авганистан кое со тешки повреди е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Со него биле уште две лица кои се пренесени во Прифатниот центарза странци во Гази Баба.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба