Нова сообраќајница во село Љуботен

Од:

Општина Бутел ја заврши изградбата на новата сообраќајница во селото Љуботен. Станува збор за новопробиена улица долга 330 и широка 6 метри со нов тротоар од бекатон плочки во широчина од 1,5 метри за безбедно движење на пешаците, посебно на учениците од ОУ „Лиман Каба“.

Оваа сообраќајница, инфорираат од општина Бутел, директно го поврзува десниот дел од селото во правец север – југ и води до основното училиште, со што се подобрува сообраќајната комуникација и се избегнува единствениот заобиколен пат во селото.

Овој проект го реализираше градежната фирма „Вардарградба“ од Скопје, а средствата во висина од 3,5 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Бутел.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош