Нова сообраќајна лента на крстосницата кон Противпожарната бригада во Скопје

Од:

Привршуваат градежните работи од проширувањето на дел од крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16. Македонска бригада“. Булеварот ќе се прошири за една сообраќајна лента со ширина од 3,5 метри, во делот пред и по свртувањето во десно кон улицата 16.Македонска бригада, кон базата на Противпожарната бригада.

Како што соопшти Град Скопје, коловозот на булеварот „Александар Македонски“ ќе се прошири во должина од 150 метри.

Градежните работи се очекува да завршат за еден месец, а на проширување работат екипите на ЈП „Улици и патишта“. Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу два милиона денари со ДДВ.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче