Нова сигнализација на 11 патни правци

Од:

Со нова сигнализација и патна опрема наскоро ќе бидат опремени единаесет патни правци во должина од 560 километри.

Станува збор за патните правци Илинден – Калуѓерец, Ржаничино -Свети Николе, Лакавица – Неготино – Дреново, Давидово -Раброво, Брајковци – Марвинци, Страцин – Кратово – Пробиштип – Крупиште, Струга – Дебар, Макази – Маркова Нога, Макази – граничен премин Стење, Прилеп – Македонски Брод – Кичево, Прилеп – Кривогаштани -Крушево – Сладуево, Виница – Смојмирово и Струмица – Дојран.

Извршена е замена на еластичната ограда, поставени се нови катадиоптри, заменети се со нови сообраќајните знаци и смероказите и поставена е нова хоризонтална сигнализација. Инвестицијата е во вредност од 158 милиони денари.

Увид во завршните работи направи директорот на Јавното претпријатие Александар Стојанов.

Проектот за поставување нова хоризонтална и вертикална сигнализација и патна опрема што го реализира Јавното претпријатие за државни патишта започна кон крајот на минатата година.

Од Јавното претпријатие за државни патишта најавуваат дека од август годинава ќе започне поставувањето на нова сообраќајна сигнализација и патна опрема на 12 регионални и магистрални патишта во вкупна должина од 450 км.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on