Нова паралелка со 25 ученици од идната учебна година во средното училиште во општина Илинден

Од:

Во Средното општинско стручно училиште „Илинден” во општина Илинден во наредната учебна 2021/2022 година во прва година може да се запишат 93 ученици во три паралелки за електротехничка струка, наместо како во изминатите осум години кога во две паралелки во прва година се запишуваа 68 ученици.

Општина Илинден информира дека во паралелката електротехничар за електроника и телекомуникации ќе се запишат 34 ученици, во паралелката за електротехничар за компјутерска техника и автоматика 34 ученици, како и уште 25 ученици во новоформираната паралелка за електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

– Воведувањето трета паралелка во прва година е резултат на зголемениот интерес за упис во прва година во средното училиште и неможноста за запишување поради максимално исполнетата квота уште при првото пријавување во првиот уписен рок. Министерството за образование и наука го промени концептот за упис за запишување на ученици, односно почнувајќи од оваа година образовните профили, бројот на паралелки и бројот на ученици кои ќе се запишат во прва година на предлог на општината ќе ги утврдува министерството, наведува Општина Илинден.

За подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование, од 2013 година досега општина Илинден потпиша меморандуми за соработка со компаниите МЕПСО, „Џонсон контролс“, „Џонсон Мети“, „Ван Хол“, „Кемет електроникс“, „Витек Македонија“ и ОКТА, со што обезбеди практична настава и обука во нивните капацитети за средношколците од СОСУ „Илинден”.

– Со воведување трета паралелка во прва година за електротехничар за компјутерска техника и автоматика, општина Илинден потпиша нови меморандуми за соработка со компаниите „Џагатај Кабло“, „Аптив Сервисес“, „Кемет електроникс“, „Витек Македонија“ и АРЦ „Аутомотив Македонија“ во коишто се предвидува поддршка во образованието и директна подршка на учениците преку обезбедување практична настава и обука и предавање, се наведува во соопштението.

Од 14 до 17 јуни 2021 е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување ученици во прва година во учебната 2021/2022 година во јавните средни училишта.

Би можело да ве интересира

Свечено промовирани апсолвенти од академската 2020/2021 година на Универзитетот во Тетово

Ана Ололовска

Американскиот Универзитет на Европа ФОН инвестира пет милиони евра за подобро образование

Жарко Настоски

Во 2020 година дипломирале 12,3 отсто помалку отколку во 2019

Ана Ололовска

Аплицирањето за сместување во ученичките домови завршува на 15 јули

Ана Ололовска

ДИЦ ќе ги соопшти резултатите од државната матура јуни 2021

Ана Ололовска

Владата ги усвои плановите за физичка настава, учениците на 1 септември влегуваат во училиштата

Жарко Настоски