Нова Македонија: Придавката „македонски“ се враќа, извештајот на ЕК попозитивен

Од:

„Придавката „македонски“ која неколку години по ред беше изоставана во Извештајот на ЕК од годинава повторно се враќа во документот со кој се оценува напредокот на  Република Македонија, во исполнувањето на европските критериуми“, повикувајќи се на високи извори во Министерството за надворешни работи,  пишува „Нова Македонија.

Во  текстот се вели  и дека Грција на состанокот на Советот на министрите на ЕУ во декември може да биде изолирана  доколку и понатаму се реши да ја блокира Македонија на патот кон евроинтеграциите, затоа што членките на Унијата имаат се помалку разбирање за грчкиот став во спорот со името.

„Нова Македонија“ повикувајќи се на истите извори од МНР пишува дека годинешниот извештај во голем дел е веќе готов и дека во него оценките се попозитивни од ланските. Се вели дека во него висока рефлексија ќе има и дијалогот на високо ниво што со македонските власти го води еврокомесарот за проширување Штефан Фуле.

 

Би можело да ве интересира

Адеми: Европската Комисија ни даде најслаби оценки, такви не сме добиле во последните десет години

Македонија не презема чекор и не ги внесува Бугарите во Уставот – извештај на Европската комисија

ЕУ реагира на концертот на Томпсон: „Го осудуваме секој израз на фашизам“

Од 1. јануари во Бугарија само со евра

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен: Самитот ЕУ-Велика Британија ќе ја зајакне соработката во областа на одбраната

ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Катерина Ѓуровски