Нова измама со лажна несреќа, 82-годишна скопјанка остана без 170.000 денари

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 82-годишна скопјанка e измамена за сума од околу 170.000 денари од едно лице кое се претставува како полициски службеник.

-82-годишна жена од Скопје во СВР Скопје, пријави дека e измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која почина дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор, посочуваат од МВР.

Како што е пријавено, жртвата излегла на улица и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО

Маж e измамен за околу 28.700 евра од лажен службеник во државна институција