ВИДЕО: Уште четворица осомничени, нова истрага за „Рекет“

Од:

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека се отвора нова истрага за „Рекет“ за четири лица од Меѓународниот сојуз.

Во новата истрага осомничените се товарат за перење пари, помагање и измама.

– Новата истрагата е за исплатата на 720 илјади евра и за парите од струшката фирма, кажа Јавниот обвинител.

За утре Јовески најави обвинение за првиот случај „Рекет“ каде обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, кој се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“, Зоран Милески Кичеец кој се сомничи за трговија со влијание и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

– Истрагата во првиот дел за „Рекет“ е при крај. Обвинителката Вилма Рускоска работи на донесување јавно-обвинителска одлука. Колку што сум информиран во текот на утрешниот ден ќе слeди обвинение за тој дел, рече Јовески.

Јовановски и Јанева се во притвор во КПУ Затвор Скопје, а Милевски е во домашен притвор.

Јовановски вчера требаше да даде исказ во Обвинителството, но му се слоши и со брза помош беше однесен во болница, а потоа вратен во притвор.

Би можело да ве интересира

Јовановски тврди дека чантата „Луј Витон” била вратена кај Јордан Камчев

Ана Ололовска

Кадиев верува дека Русковска нема ниту еден доказ против Јанева

Кристијан Ландов

Русковска за „Рекет“: Одбраната се обидува да докаже нешто што не се докажува

Кристијан Ландов

Почнаа завршните зборови за „Рекет”, според одбраната, поротник е со изминат мандат

Ана Ололовска

„Рекет” продолжуваа со завршни зборови

Ана Ололовска

„Рекeт” продолжува на 26 и 27 мај

Ана Ололовска