Нова Интернет-страница на Општина Кичево

Од:

Од Општина Кичево известуваат дека во следните денови граѓаните ќе имаат можност да пристапат до новата официјална електронска страница на Општината. На тој начин општинската администрација ќе ги известува граѓаните за сите активности, проектите и конкретната работа на општината.

„Општинската администрација секогаш ќе им биде на услуга на граѓаните, во согласност со нормите и законите. Затоа, нејзината работа ќе биде транспарентна и ќе се претстави со помош на новата електронска страница. Преку објавување на информациите за јавноста и нашите сограѓани што живеат надвор од Македонија, преку поврзувањето на оваа страница, директно ќе се информираат за проектите и активностите што ќе ги преземе градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари“, известуваат по електронски пат од Општина Кичево.

Од општината известуваат дека преку оваа страница граѓаните ќе можат да ѝ се обратат на општинската администрација за сите инфраструктурни проблеми во својата населба и за разни други проблеми во ингеренции на Општината.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски