Нова фасада, прозорци и тоалети во ОУ „Вера Которка“ во кумановско Клечовце

Од:

Нова фасада, прозорци, тоалети добија учениците и вработените во основното училиште „Вера Которка“ во кумановско Клечовце. Инвестицијата се реализира во рамки на проект на амбасадата на Чешка во Македонија.

Одговорните лица во училиштето оценуваат дека подобрените инфраструктурни услови значително ќе влијаат на подобрување на условите за изведување на квалитетна настава.

По повод завршувањето на инвестициите, денеска ова училиште го посетија амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Томан и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.
Амбасадорот Томан, изрази задоволство од реализираните инвестиции во училиштето.

– Драго ми е што средствата од проектите кои ги нуди чешката амбасада, одат за децата, за нашата иднина, рече меѓу другото амбасадорот Томан.

Димитриевски, потсети дека за реелизација на овој проект пред само половина година разговарале со амбасадорот.

Тој им се заблагодари на граѓаните на Република Чешка, на вработените во амбасадата, лично на амбасадорот, изведувачот и сите кои беа вклучени во реализација на овој проект.

Истакна дека вработените во ова училиште се вложуваат во образованието на учениците кои покажуваат забележителни резултати и во нивното понтамошно средно образование во кумановските училишта.

Димитривески најави реализација на други инфраструктурни проекти за ова село каде што има млада популација, изградба на мини плоштад и реконструкција на постоечка зграда, поранешен дом, која би ја користеле жителите за одржување на различни манифестации.

Во основното „Вера Которка“ во Клечовце, настава следат 65 ученици од Клечовце, Јачинце, Стрезовце и Бељковце. Училиштето како централно во оваа поранешна општина функционира од 1958 година.

Би можело да ве интересира

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Горан Наумовски

Во Куманово е ранет кандидатот за советник во Липково, Зекирија Шахини

Горан Наумовски