Нова електронска алатка на ЗЕЛС за општините

Од:

Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС денеска ја промовира новата електронска алатка за општините „Родова еднаквост на локално ниво“. Оваа интернет платформа е развиена од стручните капацитети од ИТ единицата на ЗЕЛС и се наоѓа на официјалната веб страна – zels.org.mk. 

Интернет палформата ќе овозможи координација и комуникација на општинските координатори и членови на комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, промоција на механизмите и алатките кои општините ги спроведуваат во оваа област. Преку поставена мапа на општините во Македонија, секоја локална самоуправа ќе има можност да ги промовира своите активности во оваа област. 

Извршниот директор на ЗЕЛС Душица Перишиќ информира дека подолго време се вклучени во реализирање проекти и активности повразни со рамноправност на половите на локално ниво. Потсети дека во 2004 година ЗЕЛС го потпиша Протоколот за еднаквост на половите на локално ниво изработен од Советот на европски региони и општини, каде ЗЕЛС е членка. 
Таа информира дека од лани работат проект со UN Women, тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, за родово буџетирање. 

– Се обидуваме да им помогнеме на општините при изготвување на своите буџети да внимаваат повеќе за еднаква застапеност и помош на сите полови, присутни на локално ниво. За таа цел организирани се неколку работилници, а ќе продолжиме да организираме работилници и во иднина. Направивме и една електронска алатка, веб сервис во кој општините и сите заинтересирани да следат како оди процесот, да видат што се случува, да ги добијат новостите, рече Перишиќ. 

Одговорноста за дополнување, изменување и надградување на интернет платформата ја има ЗЕЛС.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Владата спроведува партиски реваншизам кон општините во минатите две години

Претседателот на ЗЕЛС со повик до институциите на централната власт да се справат со дојавите за бомби

ЗЕЛС: Досега, речиси половина од општините обезбедија 14 милиони денари парична донација за настраданите во Турција и Сирија

Ана Ололовска

Арсовска разрешена од претседателската функција во ЗЕЛС, на нејзино место назначен е Орце Ѓорѓиевски

Кристијан Ландов

ЗЕЛС итно бара состанок со Владата со цел решавање на проблемите со енергетската криза

Ана Ололовска

ЗЕЛС ќе бара итен состанок со Владата