Нова детска градинка во Аеродром со капацитет за згрижување на 200 деца

Од:

Во Oпштина Аеродром официјално беше пуштен во употреба новоизградениот објект „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“. На настанот свое присуство и обраќање имаа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорката на градинката, Александра Јелиќ – Исаиловска.

Станува збор за објект кој се наоѓа во населбата Стар Аеродром, уреден со мотиви од македонсиот бренд „Светот на Биби“, на површина од 1.700 квадратни метри, опремен со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на 200 дечиња.

Градоначалникот Муцунски најавувајќи ги новите објекти за згрижување на деца кои во 2023 година ќе започнат да се градат во општина Аеродром потенцираше дека објектот кој денес се отвора е резултат на работата на претходните градоначалници на општината која имаат придонес во проектирањето, финансирањето и почетокот на изградбата на објектот.

„Нема нешто позначајно од вложувањето во најмладите. Се радувам што после долг период го решаваме проблемот за згрижување на децата од овој дел од Аеродром и со тоа реализираме еден важен проект за граѓаните. Јас како градоначалник и ние како Општина останува посветениме и понатаму во решавањето на предизвикот со недостатокот на места во детски градинки и токму оваа посветеност и заложба ќе биде проектирани во буџетот за 2023 година во кој предвидуваме еден вид инвестицски фокус на проектите за социјална грижа и едукација на најмладите“, истакна градоначалникот Муцунски.

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска истакна дека вложувањето во квалитетно образование и воспитание е од огромно значење за правилниот раст и развој на децата и нивна одлична подготовка за понатамошниот живот.

„Посебно место во нашата работа има инклузивноста на неа посветуваме големо внимание. Градиме градинки кои ќе отворат можност за згрижување на сите деца. Вложувањето во човечкиот капитал за нас е најважен“, истакна министерката Тренчевска.

„Децата од денес дел од секојдневието ќе го поминуваат во нов, современ и енергетски ефикасен објект кој ќе биде синоним за врвен стандард како во поглед на функционалноста и опременоста на осум занимални во кои ќе бидат сместени 200 деца од 9 месеци до 6 годишна возраст, така и поквалитетна воспитно-образовна работа на професионални тимови. Градинката ќе биде пријатно и привлечно место каде ќе продолжиме да ја негуваме самопочитта врз личноста и индивидуалноста, а тоа е сонот на секое дете, кое како индивидуа сака да се чувствува безбедно, задоволно и среќно“, изјави директорката Јелиќ – Исаиловска.

Визијата на Општина Аеродром е децата да растат и да се развиваат во нови, модерни и современи објекти. Во нив тие ќе ги стекнат најважните животни навики и да станат здрави и силни индивудуи. Токму поради тоа во буџетот на следната 2023 година предвидувам средства со кои ќе започне изградбата на детската градинка и доизградбата на уште една детска градинка за кои општината веќе го финализира пероцесот на избор на идејни решенија.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром