Нова атмосферска канализација на ул.„Индира Ганди“ во Шуто Оризари

Од:

Градежните работи за новата атмосферска канализација што се гради по дел од улицата „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари се очекува да бидат завршени за месец, најави при денешниот увид на активностите на терен градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Според Трајановски, со проектот за изградба на атмосферска канализација по дел од улицата е се реши еден од акутните проблеми со кои се соочуваа жителите на Шуто Оризари со одведувањето на дождовницата и поплавувањето на оваа улица и при најмали врнежи од дожд. Град Скопје за овој капитален зафат, посочи Трајановски, ќе одвои околу 13,7 милиони денари

– Со овој зафат, на терен се прави ископ и се гради атмосферска мрежа со должина од 942 метра и со полипропиленски цевки со профил од 400, 600 и 800 милиметри. Цевките од канализацијата се веќе поставени, а во наредните денови ќе се работи на формирање на сливниците. Потоа, коловозот на улицата ќе биде саниран, рече градоначалникот Трајановски.

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството