Нова 30 минутна пауза пред гласањето на Законот за јазиците

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по барање на координаторите на десетте пратенички групи од ВМРО-ДПМНЕ по изгласување на останатите точки од 32 седница даде пауза од 30 минути на која е договорена координација помеѓу пратеничките групи во врска со изгласување на Законот за јазиците.

Ова е втора пауза на денешната седница откако претходно Џафери по барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски даде едночасовна пауза.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да делуваат идентично како и досега, со барања за паузи го одложуваат гласањето на Законот за употреба на јазиците. Со оглед на тоа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се поделени во 10 пратенички групи и секој координатор на пратеничка група има право да бара пауза, гласањето на овој закон пости можност да биде одложено.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието