Нов пратеник во Собранието ќе биде Ремзи Мемеди од Алијанса на Албанците

Од:

Ремзи Мемеди од Изборната единица 5 од Кичево од Алијансата на Албанците ќе биде новиот пратеник во Собранието.

Мемеди доаѓа на местото на неговиот сопартиец Сурија Рушити, кој стана директор на МЕПСО, по влегувањето на Алијансата на Албанците во владината коалиција.

Пред почетокот на денешната 106. пленарна седница, Собранието ја констатираше оставката на Рушити. Седницата треба да продолжи во 14 часот, по добивањето на извештајот од Државната изборна комисија за верификација на мандатот на новиот пратеник.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи