Нов пожар во месноста Ветерско, генерално состојбата смирена оценува ЦУК

Од:

Центарот за управување со кризи известува дека има дојава за пожар во месноста Ветерско, меѓу скопско и велешко. Кон пожарот се упатени територијални противпожарни единици, информира Илија Бојаровски од ЦУК.

Но, генерално, во државата речиси и да нема активни пожари. Скопските и гостиварските пожарникари ноќеска имале само по една интервенција, а во Берово е изгаснат пожарот во месноста на планината Готен, информира Бојаровски од ЦУК.

– До утрово имаме буквално стивнување на ситуацијата, но, секако, во државата има пожари. Главниот штаб на ЦУК е во постојано во заседавање и ја следи состојбата. Во Скопско, РЦУК известува дека двете жаришта кај селото Раовиќ и Буковиќ, на 150 километри од патот за Јасен, над селото Горна Матка, во 18:40 вчера бил изгаснат пожарот од страна на вработените во ЈП Јасен, соопшти Бојаровски, кој потенцира дека поради специфичноста на теренот не се исклучува можноста од појавување на стари жаришта во зависност од правецот на ветрот.

Од Регионалниот центар за управување со кризи, РЦУК, Тетово, известуваат дека од територијалната противпожарна единица Гостивар ноќеска од 01:30 до 03:40 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена сува трева на поголема површина во општина Врапчиште.- Во гаснењето на пожарот учествувало и дел од месното население, информира Бојаровски.

Би можело да ве интересира

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

ВИДЕО: Локализиран пожарот кај штипскиот Исар, гори во Пробиштипско и во Чешиново

Пожар во близина на македонско – грчката граница во Дојран

Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

Повторно пожар во Визбегово