Нов парк во Аеродром

Од:

Нов парк со површина од околу 90.000 метри квадратни започна да се гради во општина Аеродром на крстосницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Февруарски поход“, кај последната автобуска станица број 5.

Паркот  ќе има пешачки патеки, осум летниковци, чешми, клупи за отпадоци, жардиниери и друга урбана опрема. Ќе бидат засадени повеќе видови зимзелени и листопадни дрвја, нискостеблести растенија, трева и цвеќе.

– Оваа инвестиција е значајна за општина Аеродром затоа што е една од позагадените општини во Скопје, според покажувањата на мерните инструменти, и со правењето на овој парк сметаме дека ќе придонесеме за подобрувањето на животната средина во општината и во Градот Скопје, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на официјалното започнување со градежни активности во паркот.

Оваа инфестиција, рече Трајановски, ќе чини околу 16 милиони денари обезбедени од Град Скопје, а општина Аеродром ќе го финансира дополнителното уредување на паркот.

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски појасни дека во паркот ќе има повеќе детски игралишта како и едно спортско повеќенаменско игралишта.

– Со хортикултурно и партерно уредување на овој простор ќе се создаде уште едно пријатно катче за престој во Општина Аеродром, во кое, убеден сум, сите генерации ќе си најдат свој простор, истакна Коневски.

Паркот се предвидува да биде завршен во јуни оваа година, а градежните работи ќе ги изведува јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски