Нов асфалт на дел од патот од Кавадарци кон Прилеп

Од:

Оперативата на Јавното претпријатие „Македонија пат“ работи на поставување на порамнителен слој на асфалт на делницата од Кавадарци во правец на Прилеп.

– Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со Општината Кавадарци врши санација на најоштетениот дел од западниот влез во Кавадарци во првец од Прилеп. Станува збор за делница долга 780 метри на која ќе се постави завршен слој на асфалт откако претходно стариот и истрошен асфалт полн со ударни дупки беше целосно отстранет, а потоа врз него се постави порамнителен, а сега и завршен слој на асвалт, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при Oпштина Кавадарци.

Со овој зафат се санира најоштетениот дел на регионалниот патен правец Неготино- Кавадарци-Прилеп, а тоа се надоврза на претходно извршената целосна санација на 400 метри на истиот пат по угорницата кон „Југо Комерц“.

– Претходно општината во соработка со Владата изврши санација на делницата на истиот регионален пат, на потегот од Глишиќ до заобиколницата „Северен Булевар“ кај Општа болница Кавадарци, соопштија од локалната самоуправа.

Со овие два зафати се изврши ренконструкција на двата клучни влеза во градот со што се подобрија условите за одвивање на сообраќајот, а пред се безбедноста на сите учесници во него.

Општината информира дека до крајот на ова лето ќе биде извршена и ревитализација на третиот влез во Кавадарци од правец на Росоман, со што ќе се заокружи еден дел од програмските активности на општината Кавадарци во делот на санирање и создавање на посигурна и подобра патна и сообраќајна ионфраструктура на влезовите во град Кавадарци.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска