Нов асфалт на булеварот пред МАНУ

Од:

Се реконструира крајната сообраќајна лента на булеварот Крсте Мисирков во должина од 115 метри, пред автобуското стојалиште кај МАНУ.

Оштетениот и вдлабнат површински асфалтен слој ќе се изгребе, доколку се јави потреба ќе се санира и потповршинскиот слој и ќе се асфалтира со асфалт-бетон 22С со полимер. Во текот на реконструкцијата на сообраќајната лента ќе се нивелираат и постојните шахти и сливници.

Во текот на градежните работи на булеварот Крсте Мисирков ќе се воведе привремен сообраќаен режим. Автобусите од јавниот превоз како привремено стојалиште ќе ја користат крајната сообраќајна лента на булеварот Крсте Мисирков, пред Судска палата.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa привремениот сообраќаен режим на булеварот Крсте Мисирков, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја намалат брзината на движење.

На реконструкција на крајната сообраќајна лента на булеварот Крсте Мисирков, пред автобуското стојалиште кај објектот на МАНУ ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар. Градежните работи се очекува да завршат за 15 дена, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши 2,9 милиони денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски