Нормализиран сообраќајот на правецот Пехчево – Равна Река

Од:

Од денеска е нормализиран сообраќајот на патниот правец Пехчево – Равна Река, соопшти Живко Каликов од Општина Пехчево.

Вчера, како што објасни тој, е санирано свлечиштето на овој патен правец, па сообраќајот од денеска е нормализиран за сите видови моторни возила.

– На санирањето на патот учествуваа над десетина возила и петнасетина работници. Фирмата Вардар градба – Скопје, која ги гради хидроцентралите на туристичката населба Равна Река и екипи од општина Пехчево, кои работеа на санирање на патот, рече Каликов.

Општина Пехчево до сите учесници во сообраќајот препорачува да бидат внимателни при движењето по овој пат, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.

Свлечиштето на овој патен правец се појави поради обилните врнежни, па сообраќајот беше во прекин изминатите пет дена.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on