Сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско од 11:00 часот е нормализиран, информираат од АМСМ.
Регионалниот пат Велес – Градско беше затворен за сообраќајот од 8:30 часот поради тешка сообраќајка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.