Нормализиран сообраќајот на патот Валандово – село Удово

Од:

АМСМ информира дека од 11 часот е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Валандово – село Удово, кај месноста викана Калковска река. Сообраќајот беше во пркин поради надојдена вода.

Според информација од ЈП „Македонијапат“ на патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица поради обилни врнежи од дожд и чести одрони сообраќајот се одвива отежнато. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На патниот правец Р1304 Виница – Берово кај м.в. Рибарник, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10м. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Локалниот пат с.Железнец – с.Мало Илино во Демир Хисар не е прооден поради обилни дождови.

На патниот правец Р 2238 Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма сообраќајот се одвива отежнато поради излевање на вода на коловозот. На самото место е поставена соодветна сигнализација. Се препорачува овој патен правец да не се користи до негово санирање и нормализирање на сообраќајот.

Според информација од РУЦК во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица Бис Оил, има поплавување на подвозникот во висина од 1 метар. Поплавувањето е настанато заради дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и Канализација.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози