Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – Радовиш, коловозите влажни

Од:

Сообраќајот на патниот правец Струмица – Радовиш по синоќешната сообраќајка, ноќеска е нормализиран, соопшти АМСМ.

Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево пренасочен преку Виница и Смојмирово

Ана Ололовска

Затворени патните правци Македонска Каменица-Делчево и Подмоље-Охрид

Ана Ололовска