Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес, односно на 500 метри по паркингот Ветерско, е нормализиран, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.
По интервенцијата на екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“, сообраќајот се одвива по две коловозни ленти.
На овој патен правец сообраќајот се одвиваше по десната коловозна лента поради одрон на карпа.