Нормализиран сообраќајот на патот Радовиш-Штип

Од:

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип поради која сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента е санирана и тој се одвива нормално, информираат од АМСМ.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон селата Степанци и Суво Грло.

Според известување кое АСМ го добило од ДЦС МВР завчера е воведен забрана за сообраќај на дел од регионалниот пат Р 2232 на меноста викана „Глобица“, во непосредна близина на село Ратавици, Пробиштип, каде поради обилни врнежи од дожд настанало свлечување на брегот и банкината покрај десната страна на патот. Свлечувањето е кон реката Злетовица и е во должина од околу 30 метри.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на граничен премин Деве Баир-Крива Паланка, Делчево, Стража, Ѓавато и во Крушево, но не се задржува на коловоз.

Поради појава на магла, намалена е видливоста до 50 метри на  Плетвар, Радовиш-Неготино и Струмица-Валандово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска