Сообраќајот на патот Прилеп – Градско кој попладнето се одвиваше отежнато поради пожар, од вечерва во 19 часот е целосно нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот неколку часа беше во прекин или се одвиваше наизменично бидејќи од двете страни на патот во близина на ресторанот „Че“ гореа шума и трева.