Сообраќајот на патниот правец Струмица-Валандово, кај Валандовско Брдо, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа, е нормализиран, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајната несреќа се случи утрово во 6 часот и 45 минути во која камион со струмички регистарски таблици се преврте при што со телесни повреди се здоби возачот, кој е пренесен во Градската општа болница во Струмица. Сопатникот не се пожалил на повреди и не побарал лекарска помош.